Утрински Весник
Магазин

Памела Андерсон во својот кревет видела жена-демнач облечена во познатиот црвен костим за капење

Памела Андерсон во својот кревет видела жена-демнач облечена во познатиот црвен костим за капење

Памела Андерсон еднаш во својот кревет пронашла натрапничка, која всушност била нејзин голем фан, и која на себе го имала култниот костим за капење на познатата спасителка на плажа.

dobivaj vesti na viber

56-годишната актерка и модел се прослави во 90-тите со улогата на Си Џеј Паркер во хит-серијата Baywatch („Чувари на плажа“), а многу подоцна, во 2001 година, била шокирана кога открила дека Французинката Кристин Рот (тогаш 27-годишна), упаднала во нејзината куќа и легнала во нејзиниот кревет облечена во препознатливиот црвен едноделен костим од серијата.

Кога ја видел Памела за прв пат, девојката ѝ дала лист хартија на кој пишувало „Јас не сум лезбејка, но те сонувам“.

Во интервју за весникот „Сан“ актерката вели: „Мајка ми беше во болница, а татко ми доаѓаше во градот, па јас му ја подготвував собата кога некој дојде горе и рече: Памела, има некој што спие во твојот кревет.“

„Си помислив: можеби е сопругата на брат ми или можеби некој се прикраде на задната врата. Влеговме во собата и имаше една жена облечена во мојот црвен костим за капење и зборуваше француски, имаше руса коса – а потоа ми даде писменце во кое вели дека сака да ме допре и дека затоа е тука. Видов многу мои алишта под креветот.“

Гламурозниот модел и актерка – која ги има синовите Брендон (27) и Дилан (25) со поранешниот сопруг Томи Ли – додаде дека жената се исекла со скршено стакло и дека многу од предметите што недостасувале во куќата биле пронајдени под креветот каде што се криела.

„Таа беше депортирана назад во Франција и имаше некои проблеми. Нејзиното семејство беше среќно кога ја виде и јас бев среќна кога видов дека си оди. Полицијата ме праша дали сакам да ми го вратат мојот костим и им реков: не, во ред е, сепак многу благодарам. Само дајте ѝ го!“

Памела веќе со децении се наоѓа на листата на најпосакувани жени во светот.

Можете да прочитате

4 хороскопски знаци на листата на големи промени: Подгответе се, најважните настани доаѓаат оваа недела

Овие 4 хороскопски знаци имаат моќни особини, а не се ни свесни дека ги поседуваат

„Јас сум одамна мртов, уште од оној ден…“: Животот на Бора Чорба го одбележаа 4 трагедии, судбината баш си поигра со една