Утрински Весник
Македонија

Палевски бара изземање на обвинителката Јософовска и на целото јавно обвинителство

Palco Sudenje2 1170x780 1.jpg

Барам изземање на обвинителката Жаклина Јосифовска и целото јавно обвинителство, рече денеска првообвинетиот за убиството на Вања и Панче, Љупчо Палевски.

Тој вели дека не е оптимист, но сепак сака да остане запишано за, како што рече, каква криминална истрага се работи.


Јавниот обинител има обрска да се произнесе во рок од три дена.

-Има лажно сведочење на сведок и за тоа имам докази, и мобилен телефон Ајфон, како и од базните станици. Оваа обвинителка иако ги знаела овие работи, донесе сведок кој сведочеше лажно. Криење на оружје на обвинетиот и дали тие поседуваат е најсериосно кривично дело кое може да го направи еден обвинител. Сите овие докази посебно дозволата, не се наоѓаат во новиот систем на МВР туку на стариот. Ова е доказ за сторено дело од страна на Јосифивска бидејќи не го барала оружјето. Каде е пиштолот “Збројевска” сопственост на еден од обвинетите? Зошто чаурата не ја предложила на листа на докази? – праша Палевски.

Можете да прочитате

Отровно растение од Тексас дојде во Неготино: Ако го забележите, веднаш алармирајте ги еколозите од “Ековита”

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

Апел за помош на 26-годишниот Виктор, татко на 4-месечно бебе кој боледува од тумор на главата