Утрински Весник
Свет

Нинг: Крајно неверојатна е хипотезата на ЦИА за потеклото на пандемијата на Ковид-19

20250127100250 Big 730x400 88.webp.webp

Кина денеска соопшти дека е „крајно неверојатна“ хипотезата на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) дека вирусот што протече од кинеска лабораторија ја предизвикал пандемијата „Ковид-19“.

„Меродавниот научен заклучок до кој дојде заедничката експертска група на Кина и Светската здравствена организација (СЗО), врз основа на теренските посети на релевантните лаборатории во Вухан, гласи дека е исклучително малку веројатно дека дошло до протекување од лабораторија“, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг.


ЦИА објави проценка дека е поверојатно дека коронавирусот потекнува од кинеска лабораторија отколку дека потекнува од животни.

Портпаролот на ЦИА рече дека „врз основа на достапните податоци потеклото на пандемијата е поверојатно поврзано со истражување отколку со природното потекло “.

Одлуката за објавување на проценката е една од првите донесени од новиот директор на ЦИА Џон Ретклиф, кој беше назначен од новиот американски претседател Доналд Трамп.

Можете да прочитате

Нема да има алкохол на Светското првенство во фудбал во Саудиска Арабија

САД во Европа префрлиле нуклеарни бомбардери B-52H

ИСВ: Кремљ подготвува тајни акции во Балтичкото Море и земјите во Европа