Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Палестинец со нож убил две и повредил уште две други лица во градот Холон, во централен Израел

20240804103201 Big 730x400 45.webp.webp
Dik 300x250 mk

Палестинец од окупираниот Западен Брег, кој илегално влегол во Израел, утринава во градот Холон, во централниот дел на земјата, убил две и ранил уште две лица, јавија израелските медиуми.

Првично беше јавено за една жртва, 66-годишна жена, која починала на самото место и три други ранувања, но бројот на загинати набрзо се зголеми на двајца, откако во болница почина маж на возраст од 70-ти години, кој беше во критична состојба, соопштија израелските власти.

Израелската полиција набрзо по нападот го убила напаѓачот, 34-годишниот Палестинец, Амар Одех (34), жител на градот Салфит, на Западниот Брег објави „Тајмс оф Израел“.

Безбедносен извор изјави дека напаѓачот немал дозвола за влез во Израел и дека и во минатото имал безбедносни прекршувања.

Палестинецот жртвите ги избодел на три различни локации пред да биде убиен од полицаец, соопштија службите за итни случаи.

Нападите со нож се случиле за време на утринскиот шпиц во близина на бензинска пумпа и парк во градот Холон, блиску до Тел Авив, соопшти израелската служба за итни случаи.

Можете да прочитате

Хамас ја потврдува посветеноста на мировниот договор, ги враќа телата на заложниците, меѓународните сили се подготвуваат

Зеленски му предлага договор на Трамп: Дронови за „Томахавк“ ракети

Португалскиот парламент усвои закон за забрана на никаб