Утрински Весник
Свет

Палестинци го тужат Стејт депратментот поради поддршката на Вашингтон за израелската армија

State Department.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Палестинци го тужат Стејт департментот поради поддршката на Вашингтон за израелската армија во нејзината војна во Појасот Газа, која однесе илјадници животи и предизвика хуманитарна криза.

Во тужбата, поднесена до Окружниот суд на округот Колумбија, се нагласува дека Стејт департментот, предводен од државниот секретар Ентони Блинкен, намерно го заобиколил американскиот закон за човекови права за да продолжи со финансирање и поддршка на израелските воени единици обвинети за злосторства во Газа и окупираниот Западниот Брег.


Законот за кој станува збор забранува давање американска воена помош за поединци или безбедносни сили кои вршат сериозни прекршувања на човековите права.

Јужна Африка и меѓународната хуманитарна организација Амнести интернешнал го обвинија Израел за геноцид и воени злосторства. Израел ги отфрла тие обвинувања.

Над 45,000 луѓе се убиени во војната во Газа, според локалното Министерство за здравство.

Инвазијата на Израел на Појасот исто така го расели речиси целото население на енклавата од 2,3 милиони луѓе и предизвика хуманитарна криза.

Тужбата во Окружниот суд на округот Колумбија ја поднеле петмина Палестинци од Газа, Западниот Брег и САД.

Еден од подносителите на тужбата е учител од Газа, кој седумпати бил раселен во актуелната војна и изгубил 20 членови на семејството, покажуваат документите.

Стејт департментот одби да коментира и ги упати новинарите до Министерството за правда, кое исто така засега нема коментар.

Можете да прочитате

Новите приоритети на САД: Европа група на суверени нации, стратешка стабилност со Русија, крај на перцепцијата за НАТО како алијанса која постојано се шири

Трамп ја суспендира лотаријата за зелена карта

Грушко: Русија нема да прави компромиси околу НАТО во Украина