Утрински Весник
Македонија

Палчо пукал и во фризерот Панче Жежовски – Велибор и помогнал на полицијата да го најдат гробот

Screenshot 2024 03 01 172546.jpg

Началникот во СВР Велес,Ристе Самарџиев на денешното рочиште сведочеше за грабнувањето и за убиството на Панче Жежовски.

Потрагата по фризерот траела десетина дена, а биле прегледани и камерите од бензиските станици. На една од нив бил забележан Жежовски со уште едно лице.

Случајот почнал да се разјаснува кога во околината на Скопје бил пронајден опожарениот „цитроен“ на Жежовски.

Клучната информација за Жежовски ја открил обвинетиот Велибор Маневски откако бил уапсен, за што велешката полиција добиле наредба од колегите од Скопје.

Токму Маневски ги однел до местото каде што е закопан Жежовски.

Нè однесе во месноста викана Кула по пат од макадам. Точно знаеше каде нè води. Нема шанси да се пронајде ако некој не ви каже, се работи за дупка обрасната со дрва. Велибор кажа дека сите биле присутни, а пукал Палевски, објасни началникот.

Можете да прочитате

(Во живо) Следете ја новата епизода од подкастот „Зрак“ со Д-р Марина

Убиството на штипјанката Пешева да се квалификува како фемицид, бараат невладини организации

Вистинска зима од утре, наутро и до -5: Неделава пристигнуваат јаки мразеви на Балканот