Утрински Весник
Свет

Пакистанскиот премиер: Имаме право да се браниме од индискиот воен чин

Img 8776.jpeg

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф остро реагираше на индиските воени напади, оценувајќи ги како „воен чин наметнат од Индија“ и истакна дека Пакистан има целосно право на самоодбрана.

„Нашите вооружени сили знаат како да се пресметаат со непријателот“, изјави Шариф. Тој ги нарече нападите „кукавички“ и откри дека биле извршени на пет различни локации во Пакистан.


„Никогаш нема да дозволиме непријателот да успее во неговите зли цели. Целата нација стои зад вооружените сили и мотивот на народот е силен“, напиша Шариф на социјалната мрежа X, упатувајќи јасна порака за национално единство и одлучност во одбраната на земјата.

Можете да прочитате

Лавров предупредува: Воено-биолошките активности на голем број земји придвижуваат сериозни прашања

Писмо на Фицо до Фон дер Лајен: Огромен пораст на цените на горивата во Европа, а ЕУ е загрижена само за Украина

Бразил, Германија, Индија и Јапонија побараа итна реформа на Советот за безбедност на ОН