Утрински Весник
Свет

Пакистан објави дека неговиот воздушен простор е повторно отворен по прекинот на огнот со Индија

20250510155624 big 730x400 48.webp.webp

Пакистанскиот воздушен простор е повторно отворен, соопштија денеска пакистанските воздухопловни власти, откако Исламабад, Њу Делхи и Вашингтон објавија прекин на огнот меѓу Индија и Пакистан.

„Сите аеродроми во земјата сега се отворени за редовни летови“, се вели во соопштението.


Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Индија и Пакистан се согласиле на целосен и итен прекин на огнот, што Њу Делхи и Исламабад подоцна официјално го потврдија.

Двете земји со денови извршуваа напади и жестоки гранатирања преку границата. До воената ескалација дојде откако екстремисти извршија напад во април во индискиот дел од регионот Кашмир, при што загинаа 26 лица, главно индиски туристи.

Њу Делхи го обвини Исламабад дека е вмешан во нападот. Пакистан го негираше тоа и побара независна истрага.

Можете да прочитате

Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

Администрацијата на Трамп намалува уште 450 милиони долари од финансирањето на Харвард

Подољак: Зеленски нема да се сретне со никој друг во Истанбул, освен со Путин