Утрински Весник
Македонија

Пакетчињата за деца под посебен мониторинг – засилени инспекции пред Нова година

Novogodishni Paketcinja 1 Scaled 1.jpg

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) почнува со спроведување засилени вонредни контроли кај операторите со храна. Со цел заштита на здравјето на најмладата популација потрошувачи – децата, акцент на контролите ќе се стави на новогодишните пакетчиња и нивната безбедност.

„Како одговорна институција за безбедноста на храната, заштита на здравјето на граѓаните и нивните права како потрошувачи, АХВ апелира до операторите со храна да бидат одговорни и да не се обидуваат да манипулираат со потрошувачите, особено со новогодишните пакетчиња, во збирното пакување, подметнувајќи и небезбедни производи, најчесто со поминат рок на употреба. За ваквите недоследности, граѓаните веќе алармираат до Агенцијата.


Со засилените контроли кај операторите со храна ќе се утврдува исполнетоста на општите и посебните услови за безбедност на храната, акцент ќе се стави на означувањето, особено на трајноста на производите и заштита на потрошувачите од измама“, велат од АХВ.

Агенцијата за храна и ветеринарство апелира и до граѓаните да бидат одговорни потрошувачи и храна да купуваат од регистрирани/одобрени објекти, кои се под контрола на инспекциските служби на АХВ.

Секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната граѓаните може да ја пријават во Агенцијата, лично, телефонски, на бесплатниот телефонски број 0800 3 22 22 или електронски на info@fva.gov.mk.

Можете да прочитате

За 500 евра „Македониум“ отстапен за спот на косовскиот рапер Дон Џони

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија” поради техничката хаварија

Со нож прободено 16-годишно момче во Кумановско, итно пренесено на клиниките во Скопје