Утрински Весник
Спорт

Паднаа првите затворски казни за расизам на стадионите во Шпанија

Download 2.jpg
Dik 300x250 mk

Двајца навивачи на Мајорка кои на натпреварите против Реал Мадрид и против Виљареал ги навредуваа противничките фудбалери на расна основа добија затворски казни во вкупно траење од една година.

Дополнително, тие добија и тригодишна забрана за влез на стадионите во Шпанија.

Секој од нив ќе добие по шест месеци затворска казна, врз основа на новиот закон кој пропишува строги затворски казни за расистички навреди во шпанскиот фудбал.

Навивачите се осудени поради „злочин од морален интегритет со отежителна околност дискриминација од расистички причини“.

Навредувани беа Бразилецот Винисиус јуниор од Реал Мадрид и Нигериецот Самуел Чуквуезе од Виљареал. Двата натпревари беа одиграни на стадионот на Мајорка во февруари оваа година.

Можете да прочитате

Триумф на Ландо Норис на ГН за Бразил

Вардар перфектен, прв пораз за Алкалоид

Данило Божовиќ од „Макпетрол“ е Балкански карате-шампион