Утрински Весник
Свет

Падна рингишпил во Бирмингем, неколкумина се повредени

Screenshot 2024 12 13 065207.jpg

Две лица се префрлени во болница, а неколкумина се повредени откако се расипа рингишпил на саем во Бирмингем, пишува Скај Њуз.

Противпожарната служба на Вест Мидлендс соопшти дека рингишпилот „паднал на нивото на земјата“ околу 19.30 часот.


Според службата за брза помош во Вест Мидлендс, болничарите пронашле 13 лица на плоштадот Сентенари на кои им била потребна помош.

Две жени се пренесени во болница, но според првите информации нема сериозни повреди, изјави портпаролката.

Уште десетина лица се прегледани и пуштени на домашно лекување.

Можете да прочитате

Милановиќ во ООН повика на признавање на палестинската држава

Над 60 полицајци повредени во вчерашните протести во Италија

Бил Гејтс донира над 900 милиони долари за борба против СИДА, маларија и туберкулоза