Утрински Весник
Македонија

Падна одлука: Владата ги прифати барањата на синдикатот на ФЗО

Fzom 1.jpg

Како што дознаваме на денешната седница Владата на Македонија дала препорака до Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување да ја донесе одлуката за утврдување на висината на бодот според барањата на синдикатот на оваа институција.

Ова е прв чекор кон исполнување на барањата на Синдикатот на ФЗО кој од вчера стапи во штрајк.

По доставувањето на препораката до УО на Фондот за здравствено осигурување се очекува истата да биде прифатена со што и официјално ќе се прифатат барањата на Синдикатот по што би прекинал и штрајкот на вработените.

Можете да прочитате

Купена за 67.000, се продава за 10.000 евра: Општина Струга го продава луксузното „Ауди А6“

Поради магла намалена видливост на Плетвар и во околина на Крушево

Тошковски: Успешен старт на „Безбеден град”, мал број на прекршоци