Утрински Весник
Македонија

Падна и службеник од урбанизам во Свети Николе: Преправал податоци со што го оштетил буџетот на општината со над 100.000 денари

Denari Pari.jpg

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против П.Ј.(45) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Пријавениот, на работно место во Сектор за урбанизам во Општина Свети Николе, во 2024 и 2025 година, постапувајќи по поднесени барања за издавање на одобрение за поставување на урбана опрема од правен субјект од Свети Николе, составил записник за извршен увид на местото во кој навел неточен податок, односно помала површина од реалната која ќе се користи, изготвил одобренија за поставување на урбана опрема и ги доставил за потпис до градоначалникот на општина Свети Николе.


После тоа, биле склучени договори за времено-сезонско користење на јавни површини во периодот од 01.01.2024 до 16.04.2025 и на тој начин го оштетил буџетот на Општина Свети Николе за 105.504 денари.

Можете да прочитате

Ќе плаќаме повеќе за нарачките од „Тему“?! – Предлог Законот за ДДВ го мина првиот филтер

Мицкоски: Додека сум премиер, нема да има промена на уставот без гаранции

Беџети: Нема да ме исплашите со нарачани и фабрикувани кривични пријави