Утрински Весник
Свет

Падна холандската влада – 24info.mk

Netherlands.jpg

Холандската влада утрово падна откако лидерот на крајно десничарската Партија за слобода (PVV), Герт Вилдерс, објави дека ја напушта владејачката коалиција поради длабоки несогласувања околу плановите за азил и миграција.

„Нема потписи за нашите планови за азил, нема промени во главниот коалициски договор. PVV ја напушта коалицијата“, напиша Вилдерс на социјалните мрежи.


На прес-конференција минатата недела, тој претстави десетточковен план за драстично намалување на миграцијата, меѓу кои се вклучува и распоредување на војската за патролирање на границите, затворање на бегалските центри и враќање на сите сириски бегалци назад во Сирија, тврдејќи дека таа земја веќе не претставува висок безбедносен ризик.

Вилдерс вчера побара од останатите тројца лидери во коалицијата да ги потпишат неговите барања и веднаш да почнат со имплементација на дел од мерките. Откако не доби поддршка, тој денес официјално ја напушти коалицијата, што резултираше со пад на владата, пренесува Dutch News.

Овој потег може да доведе до нови парламентарни избори и отвора сериозни прашања за иднината на холандската миграциска политика и стабилноста на коалициското управување.

Можете да прочитате

Одземен е пратеничкиот мандат на Марин Ле Пен

Путин со папата Лав XIV: Украина има намера да го ескалира конфликтот

Трамп вели дека разговарал со Путин