Утрински Весник
Македонија

Пад на странските директни инвестиции на половина, во споредба со лани

Nevrabotenost strelka 92364.jpg

Во првата половина од годинава во Македонија влегле странски директни инвестиции од 221,2 милиони евра, што е значително намалување во однос на истиот период минатата година кога сумата странски директни инвестиции изнесувала 573,6 милиони евра, покажуваат новите податоци на Народната банка.

Оттаму информираа дека во текот на вториот квартал од 2025 година, вкупните директни инвестиции во земјава бележат нето-приливи во износ од 75,9 милиони евра, како резултат на нето-приливите кај реинвестирањето на добивката (127 милиони евра) и сопственичкиот капитал (18 милиони евра), при нето-одливи кај должничките инструменти (69,1 милион евра).


Најголем прилив странски директни инвестиции во првата половина од годинава има од Германија (88 милиони евра) и од Турција (39 милиони евра).

Извор: Блумберг Адриа

Можете да прочитате

Петрушевски: Пратениците на СДС го бојкотираат Венко Филипче?

Истраги за илегална препродажба на марихуана и хашиш во валандовско

И Ленче Ристовска во трката за државен јавен обвинител