Утрински Весник
Македонија

ДУИ: Повторно атентат врз Охридскиот мировен договор

Dui Mala Rechica 623x330 1.jpg

Вчерашните изјави на Максим Димитриевски против Бадентеровото мнозинство претставуваат продолжение на оркестрирана кампања на оваа влада и нејзините партнери за рушење на темелите на Охридскиот мировен договор и враќање на државата назад – во неправда и исклучување; велат од ДУИ.

„Од првиот ден на мандатот, владата ги нападна столбовите на еднаквоста:
• Го укина балансерот и го поткопа правичното претставување на Албанците и другите заедници во државните институции;
• Го девалвираше Охридскиот мировен договор доверувајќи ја неговата имплементација на Иван Стоилковиќ – личност со добро познати антиалбански и путинистички убедувања;
• На противуставен и противзаконски начин ја избриша дијаспората од пресметките, оштетувајќи го претставувањето во општинските совети во областите со албанско мнозинство;
• Ги намали Албанците во официјалните пресметки и молчеше пред отворената дискриминација;
• Го девалвираше Инспекторатот за употреба на јазиците одземајќи му го статусот на правно лице, минимизирајќи ја неговата улога и изедначувајќи го со обичен сектор во Министерството за правда;
• Ја претвори Агенцијата за примена на јазиците во нефункционална институција, без никаква реална улога, покрај тоа што Стоилковиќ ги презеде нејзините простории.


Денес, Димитриевски отвора нов фронт против Бадентеровото мнозинство – уставниот механизам што гарантира еднаквост и стабилност во државата. Не треба да се заборави дека ова е истиот политичар кој им го забрани користењето на албанското знаме на претставниците на ВРЕДИ, а денес се обидува да го релативизира Охридскиот мировен договор, нарекувајќи го „исполнет“ и „надминат“.

Ова не е случајност, ова е продолжение на програмата на ВМРО, која пред изборите отворено најави мерки против мултиетничноста и Охридскиот мировен договор. Во истата линија беше и иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за целосно укинување на Законот за употреба на јазиците пред Уставниот суд. Нивните денешни партнери едноставно ја спроведуваат таа агенда.

Но октомври е близу. Народот ќе зборува гласно на народниот референдум и ќе покаже дека Охридскиот мировен договор не смее да се допира, дека достоинството на Албанците не се преговара и дека секој обид за исклучување и понижување ќе биде жестоко казнет“, стои во соопштението од ДУИ.

Можете да прочитате

За 24 часа уапсени 16 возачи

Свечено одбележанo завршувањето на реставрацијата на старата гевгелиска чаршија

Дупката во Фондот не се ,,крши”