Утрински Весник
Македонија

Пациентот кој беше наречен „шоумен“ до Ковачевски: Постапете пред да биде предоцна, имаме право на лек

Пациент со цистична фиброза: Состојбата на пациентите им се влошува, до кога ќе го мерат во цена мојот живот?

Игор Пехчевски, пациент со цистична фиброза за кого министерот за здравство во интервју за „Макфакс“ кажа дека правел шоу барајќи лек со транспарент во болница, му се обрати на премиерот Димитар Ковачевски. Тој го прашувал дали следи што се случува во јавноста, по што бара да постапи и да го донесе лекот „трикафта“ пред да биде предоцна.

dobivaj vesti na viber

„Пратите ли како министерот за здравство Фатмир Меџити си поигрува во емисии на телевизии и пациентите кои бараме лек за цистична фиброза нѐ нарекува шоумени и не го носи ветениот лек кој за нас живот значи? Премиер Ковачевски, постапете веднаш пред да биде предоцна, за секој еден од нас. Имаме право на лек“, пишува Пехчевски.

И ова не е прва негова реакција. По интервјуто на Меџити за „Макфакс“ имаше повеќе коментари и барање за јавно извинување. До сега, тоа не го доби од министерот.

Можете да прочитате

Ангелов: Пожарот над селото Косел пак се распламтува, гори и кај Богданци

Здружение на граѓани „Мој социјален работник“ помага при вработување на невработени лица

Левица ќе поднесе интерпелација за Гаши