Утрински Весник
Македонија

Пациентите ќе излезат на протест ако не им се одговори кога ќе биде набавен лекот „трикафта“

Пациентите ќе излезат на протест ако не им се одговори кога ќе биде набавен лекот „трикафта“

Пациентите со цистична фиброза ќе протестираат на трети мај во 12 часот пред Министерството за финансии.  Ова денеска го најави  претседателот на Асоцијацијата за цистична фиброза, Фики Гаспар.

dobivaj vesti na viber

Како што вели тој, ако не добијат одговор од надлежните институции до каде е процесот со набавката на „трикафта“ со законските измени, ќе ги бараат своите права преку протест.

Гаспар посочи дека во неделата пред Велигденските празници,  пуштиле допис до сите институции за да им одговорат до каде е случајот со набавката на лекот „трикафта“.

– Се уште немаме одговор, иако, неофицијално, преку одредени луѓе слушаме дека работата се движи и дека имаат иницијатива и дека работат на целата проблематика. Но, проблемот е што ние се уште немаме добиено допис, истакна тој.

Тој додаде и дека уште 18 пациенти треба да добијат лек, а во моментов, „трикафта“ примаат 12 лица.

Претходно се оддржаа протести  каде  стотици граѓани им одадоа подршка на пациентите со цистична фиброза и побараа Владата да побрза и да им го набави лекот што им е потребен.

Можете да прочитате

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски

Почна судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика