Утрински Весник
Македонија

ЈП „Градски паркинг“: Нема промена во цените на услугите

ЈП „Градски паркинг“: Нема промена во цените на услугите
Dik 300x250 mk

Изминатиов период ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, се соочува со прашања од корисници поврзани со шпекулации за наводна промена на цените на услугите што ги нуди препријатието.

dobivaj vesti na viber

„Поради ова, ја известуваме јавноста, дека цените на услугите што ги нуди претпријатието, по сите основи, остануваат непроменити и се согласно „Ценовникот на услуги на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје. Потенцираме дека за секоја промена претпријатието навремено ќе ја извести јавноста, а во моментов цените на услугите на пајак службата се непроменети и изнесуваат:

– 2500 денари – подигнување и пренос на возило до „Депо Пајак“ по налог на овластено лице,

– 3500 денари – подигнување на возило од зелена површина,

– 1500 денари – подигнување на непрописно паркирано возило по налог на овластено лице, кога сопственикот се појавува на лице место и самостојно го отстранува,

– 1000 денари – повик од трето лице за транспорт на 1-10 возила и

– 800 денари – повик од трето лице за транспорт на повеќе од 10 возила.“, е истакнато во соопштението.

Апелираат до граѓаните и корисниците на услуги да не обрнуваат внимание на таквите шпекулации и за сите прашања слободно да се обратат до службите на претпријатието.

Можете да прочитате

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!