Утрински Весник
Спорт

Пјастри го победи Леклер во Баку, катастрофа за Перез и Саинц

12503700.jpg

Оскар Пјастри ја освои Големата нагада на Азербејџан пред Шарл Леклер кој стартуваше од пол-позицијата и Џорџ Расел. Трката во Баку долго ќе се прераскажува, поради борбата за првото место меѓу Пјастри и Лекпер, глупоста која ја направи вториот возач на Ферари, Карлос Саинц на два круга до крајот и Оливер Берман кој стана првиот возач во историјата со осовени поени за две различни екипи.

Леклер на стартот ја задржа пол-позицијата и лидер беше до 20 круг кога Пјастри со хрбар маневар го презеде првото место. До 48 круг, Лкелер се обидуваше но не успеа да го загрози водечката позиција на Австралиецот, а од „страна“ сето тоа го следеше Серхио Перез.

Во претпоследниот круг Перез го нападна Леклер, возачот на Ферари успеа да се одбрани, а Мексиканецот ја загуби позицијата и од второто Ферари. Но на излезот од првиот своиок Санц направи ужасен маневар, удри во Перез и тука трката заврши.

Со безбедносното возило на чело возачите влегоа во целта.

Пјастри ја прослави втората победа во кариерата, втора оваа сеозна по трката во Унгарија, Лкелер е втор, Расел трет, а бодови во Баку освоија и Норис, Ферстапен, Алонсо, Албон, Колапинто, Хамилтон и Берман.

По трката во Азербејџан, Мекларен ја презеде лидерската позиција во борбата за конкструкторската титула.

Следната трка се вози во Сингапур.

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо