Утрински Весник
Спорт

Озил се повлекува од фудбалот по „раскинот“ со Башакшехир?

Озил се повлекува од фудбалот по „раскинот“ со Башакшехир?

Турските медиуми тврдат дека поранешниот германски репрезентативец, Месут Озил решил да стави крај на професионалната кариера, откако неговиот договор со Истанбул Башакшехир беше раскинат, со што тој се разделува на „непријателска“ база со трет клуб едноподруго.

dobivaj vesti na viber

И покрај тоа што играше 45 минути при 1:0 поразот од Кајзериспор во четвртокот, Озил денеска не се појавил на тренинзи, тврди новинарот Јакуп Џинар, кој додава дека тој им кажал на соиграчите дека ќе се пензионира. Озил имаше четири настапи во Турција оваа година.

34-годишниот Озил ја почна кариерата со Шалке, пред да се пресели во Вердер, па потоа да направи голем трансфер во Реал Мадрид, со кои освои една титула од Ла лига, пред Арсенал да го купат во 2013 за 43 милиони фунти. Тој помина седум и пол години со „топчиите“, освојувајќи три титули од ФА купот пред да влезе во конфликт со менаџерот Микел Артета и клубот да му го раскине договорот за тој да премине во Фенербахче. Ниту во Турција, работите не одеа како што треба, тој беше суспендиран од Фенер и си замина (со раскин на договорот) во Башакшехир.

И со Германија, неговата кариера беше бурнаа. Тој имаше 23 гола во 96 настапи за „маншафт“ освојувајќи ја светската титула во 2014 година, но се повлече во 2018 со обвинувања до федерацијата дека постои дискриминација поради неговото турско потекло.

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига