Утрински Весник
Македонија

ОВР Дебар лиши од слобода лица за семејно насилство и поседување дрога

Policija rotacija 1 1.jpg
Dik 300x250 mk

Полициски службеници од дебарското одделение за внатрешни работи лишиле од слобода двајца жители од дебарското село Отпишани поради семејно насилство.

– Синоќа во 22:50 часот од слобода се лишени З.Ф.(57) и Љ.Ф.(31), двајцата од дебарското село Отишани, постапувајќи по претходна пријава дека сториле кривично дело „семејно насилсво, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид.


Според него по целосно расчистување и документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Исто така синоќа во 20 часот, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода И.В.(39) од тетовското село Фалише, со привремен престој во село Ростуше, општина Маврово и Ростуше.

-И.В. е затекнат во неговото возило „опел“ со тетовски регистарски ознаки, паркирано во близина на дебарското село Долно Косоврасти со шприц во рака, по што е извршен преглед во возилото и пронајдени се шише исполнето течност и бела прашкаста материја, рече Димоски.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Почина поранешниот кошаркар на Пелистер, Зоран Петковски

Да се остават во минатото луѓето кои освен освен распродажба на Македонија, не покажаа ништо друго, повика Мицкоски од Росоман

Вистината да излезе на виделина – 28.„Марш за ангелите“