Утрински Весник
Свет

Овој европски град е прогласен за град на годината

Berlin.jpg

Списанието Food and Travel го прогласи Берлин за град на годината благодарение на неговата богата и разновидна гастрономска понуда.

Овој град го презеде водството пред Бордо, Кејп Таун, Дубровник, Жирона, Сеул, Сиднеј, Токио и Цирих.

За ова признание својата среќа ја изрази Буркард Кикер, кој работи за туристичкиот портал Visit Berlin.

„Воодушевени сме што читателите го препознаа кулинарскиот потенцијал на Берлин. Оваа награда покажува како храната стана вистинска причина за патување“, рече тој.

Берлин одамна е познат по својата фантастична храна, а тоа најмногу се должи на многубројните миграциски бранови. Се вели дека турските имигранти го измислиле донер ќебапот во Кројцберг во 1970-тите.

По падот на Берлинскиот ѕид, овој град повторно се етаблира како метропола за гурманите. Дури и во поранешните источни области, како што се Мите или Пренцлауер Берг, денес има бројни ресторани со меѓународна понуда.

Покрај горенаведеното, Food and Travel Magazine ги прогласи најдобрите дестинации за долги и кратки патувања. Јужна Африка ја освои титулата топ дестинација за долги патувања, а Шпанија за кратки патувања.

Можете да прочитате

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата

Русија упати предупредување до Јужна Кореја: „Воздржете се од непромислени чекори“