Утрински Весник
Магазин

Овие пијалоци келнерите никогаш не ги нарачуваат

Pijalaci Bar 1024x683 1.jpg

Постојат пијалаци кои професионалните келнери никогаш не би ги нарачале на одредени места и според нив доколку барот не е специјализиран за подготовка на коктели, тогаш најдобро е да не нарачувате.

Според келнерите немојте да барате пијалак кој бара комплицирана подготовка или коктели со повеќе компоненти, доколку сте во преполн бар.

„Никогаш не нарачувам точено вино во место каде што се служат евтини пијалаци“ открива Даниел Леом, главен бармен во Истерс Вајн шоп & бар во Санта Моника.

„Никогаш не знаеш колку долго виното било отворено, а шансите да се добие нешто добро на такво место се речиси нула. Вкусот на виното почнува да се влошува веднаш по отворањето на шишето и може да се расипе за само неколку денови, освен ако локалот не е педантен во чувањето на виното“ наведува тој.

Многумина веруваат дека не може да се погреши со точено пиво, но Џек Тајнан, кој работи во Интерборо Спиритс & Алес во Бруклин не се согласува ни со таа констатација. Според него, доколку локалот е полн нема да нарача точен Гинис.

„Нарачувам точен Гинис само во убав и тивок паб, бидејќи знам дека ќе издвојат време за да го наточат како што треба“ вели Тајан.

Гинис традиционално се точи во два чекора – точењето престанува откако ќе ја наполнете чашата до три четвртини, за да може да се создаде препознатливата пена. Откако пивото ќе се сталожи, потоа се дополнува до врвот на чашата.

„Не барајте еспресо мартини во место каде што има лошо кафе“ советува Алехандро Ечевериа од барот Суши би Боу во Њујорк. Иако овој коктел со кафе и вотка стана популарен изминатите неколку години, не сите го подготвуваат како што треба.

„Повеќето места не се опремени со квалитетни апарати за еспресо, па крајниот резултат нема да биде таков каков што очекувате“ вели тој.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста