Утрински Весник
Македонија

Јовески со порака до јавните обвинители: Не дозволувајте никој и ништо да влијае врз вашето постапување

ВМРО-ДПМНЕ: Со СДС нема функционер од власта без роднина на списокот за нови судии и обвинители

На Денот на правосудството – 31 Март јавниот обвинител Љубомир Јовески со порака до сите јавни обвинители во државата, побара поддршка за удвојување на напорите за враќање на јавната доверба во нашата институција.

dobivaj vesti na viber

„Многу добро ја знам вашата посветеност и одговорност, секојдневната ревносност и вербата во правда со која ја извршувате функцијата. Време е таа слика да ја видат и граѓаните“, вели во пораката Јовески.

Потсетува на неколку приоритетни задачи.

„1. Ефикасност. Роковите за постапување мора да се почитуваат и да нема неоправдано одолговлекување на постапките. Граѓаните од нас очекуваат правда во разумен рок.

2. Отпорност кон притисоци и влијанија. Ја имате мојата целосна поддршка да носите самостојни и сигурни одлуки. Не дозволувајте никој и ништо да влијае врз вашето постапување и да го компромитира вашиот личен интегритет како јавни обвинители.

3. Транспарентност. Одлуките кои ги носиме мора да станат видливи за граѓаните. Правдата треба и да ја видат и да ја почувствуваат. Не се плашете од јавниот суд, бидејќи само тој е вистински коректор на нашата работа.

Веројатно еден од најголемите предизвици за нашата институција во следниот период ќе биде преговарачкиот процес со ЕУ. Од реализацијата на реформите во поглавјата кои директно ја засегаат работата на правосудството ќе зависи севкупниот напредок на земјата на патот кон Унијата“, истакнува јавниот обвинител.

Истите пораки ги упатува и до јавнообвинителската служба, за која како што вели исто така е важен дел од нивната организација.

„Потпишавме Договор за соработка со Европското јавно обвинителство. Секојдневно ја јакнеме соработката со домашни и странски институции во сферата на нашето постапување. Ова исто така, верувам, ќе придонесе за реализација на приоритетите кои си ги поставуваме.

Сите добронамерни критики за нашата работа ги прифаќаме и активно работиме на подобрување во сегментите каде се детектираат одредени слабости, вклучително и на оние што ги детектираше американскиот Стејт департмент во Годишниот извештај за состојбата со човековите права во светот во 2022 година. Но, задоволен сум што во овој извештај не се адресираат крупни директни критики за работата на Јавното обвинителство.

Притоа, чесно е да се признае дека и покрај ваквите позитивни сигнали, сигурно можевме и можеме повеќе. Не можам да не изразам незадоволство со одредени судски одлуки кои овозможија застарување на предмети за чиј исход јавноста беше заинтересирана. Одредени постапки, пак, не се застарени, но и покрај ажурноста на обвинителското постапување, се уште не ја добиваат потребната судска динамика и немаат разрешница“, додава во пораката Јовески.

Можете да прочитате

Законот за правична застапеност прво на јавна дебата, па на Венецијанска комисија 

СДСМ: Секој ден се палат коли во Скопје, неспособноста на Тошковски е закана за безбедноста

Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по претежно суви коловози