Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Јовески на средба со претставници на Европравда

Јовески на средба со претставници на Европравда
Img 7972

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска прими делегација на Европравда, предводена од потпретседателката на оваа организација Маргарита Шниутите – Догелине која престојува во посета на земјава.

dobivaj vesti na viber

Во рамките на посетата, претставниците на Европравда пред Јовески го изложија најновиот проект на ЕУ имплементиран од Европравда, кој предвидува поддршка за земјите од Западен Балкан во истражувањето на организираниот криминал. Проектот започна да се применува од септември, ќе трае четири години и со него се опфатени шест земји од Западниот Балкан.

Шниутите – Догелине го запозна Јовески со можностите што ги нуди овој проект, кој во основа е оперативен и опфаќа директна поддршка во постапувањето по конкретни предмети кои вклучуваат прекугранична соработка меѓу земјите од регионот со формирање заеднички истражни тимови или преку паралелни истраги во неколку различни земји.

Јовески изрази подготвеност Јавното обвинителство на Република Северна Македонија активно да се вклучи во овој проект. „Јавното обвинителство и до сега, но и во иднина останува во целост отворено за соработка и со Европравда и со другите земји од регионот. За таа цел ние веќе имаме потпишано и меморандуми за соработка со повеќето земји од регионот, но и пошироко, а овој проект само дополнително ќе ја олесни таа размена на информации меѓу нас и ќе ги забрза постапките“, рече Јовески.​

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Тоа што секоја фирма може да добие тендер говори дека институциите се слободни, а постапките транспарентни, а не наместени како со СДС

Николоски: Наскоро ќе биде избран изведувач за изградба на автопатот Кичево – Букојчани

Коалиција за зелена иднина: Претепувањето на советникот во Виница е удар врз достоинството и изборното право на Ромите