Утрински Весник
Скопје
300x250 opst2

Јовановски: Наместо нови градинки, училишта и паркинзи во Аеродром, 4 години празни ветувања

Img 1707.jpeg
Img 7972

Почитувани граѓани, четири години беа доволни да се види вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ во општина Аеродром. Како што почна Тимчо Муцунски така и заврши неговиот наследник Дејан Митески, без визија, без резултати и без чувство за одговорност кон граѓаните на Аеродром.

Наместо развој, добивме застој. Наместо нови градинки, училишта и паркинзи, добивме празни ветувања и нерешени проблеми.


Ниту една нова градинка, ниту еден нов кружен тек, ниту метар ново зеленило.

Општината изгледа запуштено, неискосени тревници, нефункционални паркови, а попезно најавуваните проекти пред 4 години, останаа само на хартија, а денеска со истите проекти, повторно ја бараат поддршката.

Муцунски и Митески ветија „хумана урбанизација”, „паметни паркови”, „еко-полиција” и „нови инвестиции во инфраструктурата” – реалноста е спротивна.

Граѓаните добија урбанистички хаос, нефункционална администрација и систем во распаѓање.

Без трошка срам, повторно ја бараат поддршката од граѓаните на Аеродром, оние исти граѓани што четири години ги оставија без ниту еден реализиран проект, изјави Марјан Јовановски, кандидат за советник во Советот на општина Аеродром.

Аеродром заслужува повеќе!

Се избориме за нашиот дом!

Се бориме за нашиот Аеродром!

Можете да прочитате

Интервју со Јаневски: Нудам натпартиска платформа за модерно Ѓорче со нов училишен центар и нова сообраќајница кон Даме Груев

СоопштенијаМицевски: Сопиште ќе добие нов резервоар за вода

Скопје се уште се гуши во смет: Контејнерите повторно преполни, никој не ги празни (ФОТО)