Утрински Весник
Македонија

Јовановски: Граѓаните го очекуваа ова од МВР, треба да продолжи

Img 9257.jpeg

Поранешниот потпретседател на СДСМ, Зоран Јовановски, преку својот Фејсбук статус го истакна своето задоволство од актуелните активности на Министерството за внатрешни работи, кои доминираат во вестите на македонските телевизии.

„Вечерва, најголем дел од вестите на сите телевизии отпаѓа на изјави и вести за преземени активности на Министерството за внатрешни работи. Мислам дека тоа е тоа што го очекуваше и за што гласаше огромно мнозинство граѓани во земјава. И ова треба да продолжи,“ напиша Јовановски.


Со ова, тој даде поддршка на актуелните мерки и потези на МВР, потенцирајќи ја важноста од нивното континуирано спроведување за одговор на очекувањата на граѓаните.

Можете да прочитате

Додека други напредуваат кон ЕУ, Македонија останува во изолација, велат од СДСМ

ВЛЕН: Беким Сали ја претставуваше државата меѓу европските државници во Париз

Уапсен нарко дилерот кој побегна од полициската станица во Кочани