Утрински Весник
Македонија

Јована Мојсоска објави дивоградба во срцето на струшката чаршија

514455976 10228436549833902 4025790645818896924 n.jpg

Пратеничката Јована Мојсоска на Фејсбук објави статус за дивоградба во срцето на струшката чаршија, а веќе се најавува и “свечено отворање”, додека ОЈО Струга е во длабок зимски сон. Со Решение на овластен градежен инспектор е констатирано дека се гради незаконски, иако во скромниот одговор на инспекторот не добив потврда за сомнежите дека се узурпира и имот на РМ.

На 16 ноември поднесов БАРАЊЕ до ОЈО Струга да поднесе барање до надлежниот суд за изрекување на привремени мерки: привремено запирање на градежните активности, отстранување на бесправно изградените објекти и забрана за понатамошно градење.


На 16 декември поднесов кривична пријава до ОЈО Струга за конкретната дивоградба поради индиции за сторено кривично дело Бесправно градење.

Повеќе од ШЕСТ МЕСЕЦИ немам никаков одговор од ОЈО Струга, иако рокот за постапување е 3 месеци!

Сега поднесов и Претставка до Вишото ЈО во Битола, поради неажурност по поднесена кривична пријава и ќе барам одговор кој е конкретниот јавен обвинител, затоа што одговорноста мора да има ИМЕ И ПРЕЗИМЕ. Колку трагедии треба да се задесат за ваквата привилегирана обвинителска каста да ги напушти своите удобни фотељи и да почнат да постапуваат?

Можете да прочитате

(фото) Вечерва тешка сообраќајна несреќа во Бутел – автомобил превртен на кров, има повредени

Изгореа неколку штали – Пожарот во Валандово сега е ставен под контрола

Дебата на Аталнтскиот совет: Проширувањето на ЕУ мора да продолжи да биде успешна приказна