Утрински Весник
Магазин

Oва треба да го направите пред да дојде есента: Eве како засекогаш да се справите со кондензацијата

Screenshot 20240923 193524 Gallery.jpg

Кондензација настанува кога топлиот воздух полн со водена пареа доаѓа во контакт со ладна површина при што се создава влага.

Бидејќи површините на прозорците се најмалку изолираните области на куќата, кондензацијата се јавува најчесто во оваа област и е поврзана со надворешната температура, внатрешната температура и релативната влажност на воздухот,

Од овие фактори, можете да влијаете на внатрешната температура и релативната влажност и тоа доколку ги овозможите следните услови:

-Обезбедете добра вентилација на пареата при готвење и туширање;

-За време на зимскиот период туширајте се пократко за да ја намалите количината на влага во воздухот.

-Чувајте помалку растенија во куќата;

-Не ги покривајте прозорците со ролетни или завеси освен ако е апсолутно неопходно;

-Чувајте ги вратите на сите простории отворени за да се овозможи добра циркулација на воздухот,

-Избегнувајте големи промени во собната температура.

Во ладни и прилично влажни простории, веројатноста за кондензација е поголема. Во топли и суви простории, кондензацијата обично не се јавува. Дрвените прозорци често имаат мали пукнатини низ кои влегува посув воздух од улицата, што ја намалува влажноста во просторијата.

За жал, влагата не е само естетски проблем. Тоа укажува на нездрава микроклима во станот, која може да доведе до појава на габи и мувла и зголемување на концентрацијата на штетни материи во воздухот. Како резултат на тоа, станарите може да почнат да се чувствуваат непријатно.

Совети за спречување на влага:

Користете средства за сушење: За да го намалите количеството на влага во воздухот, ставете кеси за сушење во близина на прозорцитe и огледалата Со нивно ставање во фиоки или плакари, средствата за сушење можат да ја заштитат и вашата облека од влага.

Купете одвлажнувач: Ако кондензацијата е особено изразена во зимските месеци, размислете за купување одвлажнувач. Повеќето модели се со слични цени на клима уредите и можат да бидат важни за удобноста на вашиот животен простор.

Исклучете го навлажнувачот на воздухот: Ако користите навлажнувачи, размислете да ги исклучите во студените денови кога вашите прозорци се склони кон кондензација.

Користете аспиратори: Кога готвите или се капете, вклучете ги соодветните аспиратори.

Зголемете ја циркулацијата на воздухот: Топлиот воздух се крева во затворен простор. Ако користете тавански вентилатори свртете ги во насокаа на стрелките на часовникот за време на постудените месеци за топлиот воздух да циркулира надолу.

Отворете ја вратата: Ако надворешните температури не се премногу ниски, проветрувајте.

Преместувајте ги растенијата: Секое растение во вашиот дом е извор на пареа. Ако обично поставувате растенија покрај прозорците, преместете ги во други делови од станот во постудените месеци. Избегнувајте прекумерно наводнување на растенијата бидејќи тоа ја зголемува количината на пареа во воздухот.

Суво дрво: Дрвото што го користите како огревно обично има висока содржина на влага ако било надвор пред да се внесе во куќата. Ако ги внесете неколку недели пред да ги користете ќе ја намалите влагата.

Користете дупли прозорци: Иако дуплите прозорци се вообичаени во поновата градба, тие ретко се присутни во постарите домови. Размислете за префрлување од единечни на двокрилни прозорци.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста