Утрински Весник
Магазин

Ова се симптоми на труење со кофеин

3838488 Trovanje Kofeinom Shutterstock 2288272553 Ls.jpg

Многу луѓе не можат да замислат да го започнат денот без кафе, но прекумерното внесување на кофеин може да доведе до штетни ефекти, како што се нервоза и забрзан пулс.

Во тешки случаи, прекумерната потрошувачка на кофеин може да доведе до состојба позната како труење со кофеин или предозирање.

Кога се јавува труење со кофеин?

Труењето со кофеин се јавува кога има претерано високи нивоа на кофеин во телото, што се манифестира со низа непријатни и потенцијално опасни симптоми, вклучувајќи отежнато дишење и напади. Имаше случаи кога луѓе починаа како резултат на труење со кофеин.

Симптоми на труење со кофеин

Труењето со кофеин ја надминува типичната главоболка предизвикана од кофеинот, која се јавува кога претераме и пиеме уште неколку шолји. Препораката за здрави возрасни е да не консумираат повеќе од 400 милиграми кофеин дневно, што е околу четири до пет шолји кафе.

Конзумирањето малку повеќе од оваа граница може да доведе до симптоми како што се анксиозност и раздразливост, според нутриционистот Ерин Палински-Вејд, пренесува CNN.

Сепак, посериозните ефекти поврзани со труење со кофеин обично се јавуваат кога поединецот консумира околу 1.200 милиграми кофеин, што е еквивалентно на приближно 12 шолји кафе. Невролошки симптоми, како што се анксиозност, халуцинации, мигрена, церебрален оток и напади, се документирани во случаи на труење со кофеин. Отежнатото дишење е исто така компликација.

Иако ретко, труењето со кофеин потенцијално може да биде фатално; повеќето од пријавените смртни случаи се поврзани со пиење апчиња со високи дози на кофеин.

Можете да прочитате

Замастен црн дроб: Фактори на опасност и совети

Мбапе не може да вози автомобил обезбеден од Реал Мадрид

Крцкаво пилешко мевце, се приготвува многу лесно, а тајната е во една состојка