Утрински Весник
Свет

Ова е пилотот кој управувал со авионот кој се урна во Бразил: Имал 10 години искуство и над 4500 часа лет

Xnyxymqj3z Ova E Pilotot Koj Upravuval So Avionot Koj Se Urna Vo Brazil Imal 10 Godini Iskustvo I Nad 4500 Casa Let.png

Данило Сантос Романо (35) е првата жртва која е идентификувана по падот на авионот во Бразил.

Станува збор за пилотот кој управувал со леталото, а кој зад себе има 10-годишно искуство.

Романо работел како пилот повеќе од една деценија, бил вработен во авиокомпанијата „Voepass“ од 2022 година, според неговиот профил на „LinkedIn“. Тој живеел во Сао Паоло и имал над 4500 часа лет.

Пилотот бил „секогаш насмеан“ и „спремен да помогне“, наведуваат неговите колеги.

Романо бил во кокпитот на авионот ATR 72-500 кој се урна во станбен кварт во Винхедо, при што загинаа сите 62 лица, и екипажот и патниците.

Меѓу останатите жртви се и копилотот Хумберто де Кампос Аленкар е Силва (61) и стјуардесата Дебора Сопер Авила (29), наведува „Globo TV News“. Во авионот имало и неколку доктори кои оделе на семинар, како и таткото Рафаел Фернандо дос Сантос и неговата ќерка Лиз Иба дос Сантос (3).

Во саботата наутро, 15 тела беа извлечени од урнатините, додава агенцијата. Посмртните останки се однесени во Институтот за судска медицина за формална идентификација, пишува „nypost“.

Авионот за Сао Паоло полетал од Каскавел во петокот во 11:56 часот по локално време и летал околу час и половина без инциденти, соопштија официјални лица.

Екипажот не повикал помош ниту пријавил било какви неповолни временски услови.

Целиот екипаж беше компетентен“, изјави извршниот директор на „Voepass“, Едуардо Буш, на прес-конференција, пренесува „CNN“. „Чекаме пристап до сите комуникации меѓу пилотот и контролната кула за да имаме пошироко разбирање за тоа што се случило“, додаде тој.

Црната кутија на авионот која содржи гласовни снимки и податоци за летот е пронајдена на местото на несреќата, потврди секретарот за јавна безбедност на Сао Паоло, Гиљерме Дерите. Содржината на кутијата ќе се анализира во потрага по можни траги за тоа што го предизвикало падот на авионот над 13.000 стапки за само една минута.

Шокантното спуштање е забележано на застрашувачка снимка, на која се гледа како авионот спирално паѓа кон земјата.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk