Утрински Весник
Македонија

Ова е најплатената професија во Македонија

Pari 1 1.jpg

Според податоците од Државниот завод за статистика, во август 2024 година, просечната месечна бруто-плата по вработен изнесуваше 61.806 денари. Ова претставува пораст во однос на август 2023 година, со индекс од 113.2. Значителното зголемување на платите е особено присутно во секторите образование (19.3%), уметност, забава и рекреација (18.9%), како и јавна управа и одбрана, каде зголемувањето изнесува 17.3%.

Споредено со претходниот месец, забележано е значително зголемување на бруто-платите во секторите уметност, забава и рекреација (5.1%), земјоделство, шумарство и рибарство (4.3%), како и во објектите за сместување и сервисните дејности со храна (3.3%).

И покрај покачувањата во секторите каде претходно се исплаќала минимална плата, програмерите остануваат најплатени, со просечна плата од 1.600 евра месечно. По нив следуваат вработените во фармацијата, воздухопловството, финансиите и научното истражување, со плати околу 1.000 евра.

Можете да прочитате

ЦО на СДСМ најави 30-ти Конгрес: Ново раководство, нови политики и засилена структура со два организациски секретари

Таравари даде рок до јануари 2025 за уставните измени

Петрит Сарачини, Жарко Трајановски, Ардит Рамадани се добитници на наградата „Илија Жупаноски“