Утрински Весник
Скопје

Отворено ново кино во Драчево

20260218081917 big 730x400 90 1.webp.webp

Во Домот на културата во Драчево синоќа е отворено ново кино. Проектот,  реализиран во партнерство со „Киноверзум“, претставува втора филмска сцена на територијата на општина Кисела Вода. 

Свеченото отворање се одржа пред преполна сала, во присуство на претставници на Владата, Собранието, како и голем број уметници и културни работници. Настанот го водеше актерот Рубенс Муратовски, а вечерта беше заокружена со проекција на меѓународно наградуваниот документарен филм „Приказната за Силјан“, кој беше македонски кандидат за „Оскар”.

Посебно признание на настанот им беше оддадено на гостите, режисерката Тамара Котевска и продуцентот Јорданчо Петковски. Нивниот филм „Приказната за Силјан“, кој беше македонски кандидат во трката за „Оскар“, кој е откупен од „National Geographic“ и добитник на бројни награди на реномирани светски филмски фестивали, беше симболично избран за првата проекција на новото филмско платно во Драчево. За жителите на Драчево ова имаше и емотивна вредност, со оглед на тоа што продуцентот Петковски потекнува токму од ова место

Можете да прочитате

На повеќе локации низ Скопје паднаа дрвја

Сè помалубројни, постари и понеисправни автобуси во кои се возат сè помалку патници

Без струја корисници во Центар, Бутел и Карпош