Утрински Весник
Македонија

Отворени граничните премини Евзони и Ники кон Грција

Grcijagranica.jpeg

Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) соопшти дека повторно се отворени за сообраќај граничните премини Евзони и Ники кон Грција, кои претходно беа затворени поради протест на грчките земјоделци.

Поради блокадите, патниците од Македонија кои се обидуваа да преминат преку граничните премини Богородица и Меџитлија не можеа да влезат на територијата на јужниот сосед, што предизвика застои и чекања.

Како што информира АМСМ, од 15:50 часот двата гранични премини се целосно отворени и сообраќајот се одвива непречено. На патниците им се препорачува да ги следат најновите информации за состојбата на граничните премини и условите на патиштата.

Можете да прочитате

Бомба пронајдена во Ваташа – 24info.mk

Миноски: Кризите на Блискиот Исток директно влијаат врз цените, инфлацијата и животниот стандард

Шест македонски државјани од Израел ќе бидат евакуирани со владиниот авион