Утрински Весник
Скопје

Отворена првата сензорна соба во средните училишта на Град Скопје 

Obj 1.jpeg

Во рамки на реализација на  проектите од програмата „За модерно Скопје” во која е предвидена поддршка за средношколците со попреченост, се отвори првата сензорна соба во средното училиште на Град Скопје „Здравко Цветковски”.

Сензорните соби во рамките на средните училишта ќе им овозможат полесен и современ тек на образовниот процес на средношколците со попреченост. 

Град Скопје инвестира во активности и обука на стручни лица за реализација, со цел да се овозможи бенефит на сите граѓани на Скопје, а проектот продолжува со имплементација и во останатите образовни установи.

Сензорните соби се дел од континуираните заложби за подобрување на условите за интеграција во средните училишта, покрај стипендиите кои се доделуваат редовно секоја година со цел инклузија во образовниот процес.

Можете да прочитате

ДЗР: Возниот парк на „Комунална хигиена“ е пред колапс

Герасимовски: „Даме Груев” добива ново лице со партерно и хортикултурно уредување и нова урбана опрема

Општина Илинден со нов виртуелен водич за промоција на природните и културните богатства