Утрински Весник
Македонија

Отворена истрага за убиството кај Чашка, еден осомничен е во притвор, се трага по уште едно лице

Pistol 1.jpg
Dik 300x250 mk

Основното јавно обвинителство Велес отвори истрага за убиството кај Чашка, еден осомничен е во притвор, а по вториот осимничен се трага, соопштија денеска во Јавното обвинителство.

„Истражна постапка се води против едно лице осомничено дека заедно со уште едно, засега неидентификувано лице, сторило кривично дело убиство, казниво по член 123 став 1 од Кривичниот законик. На 5 ноември, во местото викано Поројница, на патот кон селото Бусилци, осомничениот со својот автомобил го намамил и го однел велешанецот Ѓело Ѓошев на локацијата. Таму, заедно со второто лице, пукале кон него со огнено оружје и му нанеле прострелна рана во пределот на черепот, од која тој починал на лице место“, се наведува во соопштението.

Осомничениот претходно бил евидентиран како сторител на кривично дело разбојништво. Според дел од обезбедените докази, по извршеното убиство се обидел да ги прикрие трагите и да влијае врз текот на истрагата.

„Поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и ризик од повторување на делото, јавниот обвинител доставил предлог до судот за определување мерка притвор за осомничениот. Во меѓувреме, по наредба на обвинителството, Министерството за внатрешни работи продолжува со активности за идентификација и лоцирање на вториот соизвршител, како и за утврдување на мотивите што довеле до убиството“, се додава во соопштението.

Можете да прочитате

Николовски: Системот на злоупотреби што го создаде Владата ја уништи довербата – земјоделците повторно ќе ја плататат цената

Одреден притвор на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и уште тројца осомничени

Мешовитата историска комисија одржа средба, се разговарало за учебниците по историја и општество