Утрински Весник
Спорт

Отворен е „Лусаил“, стадионот каде ќе се игра финалето на Светското првенство

Отворен е „Лусаил“, стадионот каде ќе се игра финалето на Светското првенство

Катар е подготвен за Светското првенство на кое ќе биде домаќин на крајот на ноември и почетокот на декември годинава, а вчера и официјално беше објавено дека е готов најмодерниот стадион во светот. Стадионот „Lusail Iconic“ е најголемиот стадион во Катар, со капацитет од 80.000 седишта и ќе има голема улога во првенството.

dobivaj vesti na viber

Трибините имаат брановиден изглед, а се составени од два ката. Посебен е и покривот, може да се затвора, а стадионот е опремен со клима, што на фудбалерите ќе им го олесни играњето на високи температури.

По Мундијалот, Катарците планираат да се пријават за организација на финалните натпревари од Светското клупско првенство.Освен тоа, сакаат и финале во азиската Лига на шампиони, а стадионот е повеќенаменски, па не е исклучено таму во иднина да гледаме некој ракометен или кошаркарски спектакл.

За време на Мундијалот на споменатиот стадион ќе се одиграат десет натпревари, и тоа: Аргентина – Саудиска Арабија, Бразил – Србија, Аргентина – Мексико, Португалија – Уругвај, Саудиска Арабија – Мексико, Камерун – Бразил, натпревар од осминафиналето, четвртфинален натпревар, полуфинален натпревар и финалето.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина