Утрински Весник
Македонија

Отворен ден во Штип по повод одбележување на 75 години од формирањето на НАТО

Arm.webp.webp

По повод одбележување на 75 години од формирањето на НАТО и четири години од нашето членство во Алијансата денеска во Штип Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија во соработка со локалната самоуправа, организираат отворен ден за граѓаните.

На отворениот ден, како што е најавено, присутните ќе имаат можност да проследат повеќе музички нумери во изведба на воениот оркестар, приказ на борбени вештини на припадниците на специјалните сили и да се запознаат со дел од армиските возила и опрема со кои располагаат единиците на Армијата.

Граѓаните во директна комуникација со армиските припадници ќе можат да се запознаат со техничките карактеристики на воената опрема и возила меѓу кои и најновите возилата од видот JLTV, обученоста и опремата на специјалните единици на Армијата.

На активноста, како што е најавено, ќе присуствува министерката за одбрана Славјанка Петровска, командантот на 1.пешадиска бригада, бригаден генерал Сашко Лафчиски и претставници од локалната самоуправа.

Ова е трет по ред отворен ден како дел од планирани настани кои се организираат во седум градови во внатрешноста и во Скопје со кои ќе се одбележат 75 години од формирањето на НАТО и четири години членство на Република Северна Македонија во НАТО.

Можете да прочитате

ВРЕДИ: Албанците зборуваа со еден глас, 10 општини за промени. Им честитаме на Лимани и Шабани

Апсурдноста на заканите за анексија на Гренланд и егзистенцијалниот предизвик за НАТО алијансата

ЦУК: Одрони на дел од патиштата и зголемен водостој на одредени реки