Олимписките игри во Париз ќе бидат официјално отворени во петок навечер, а веќе е познато за кои спортови треба да се издвојат најмногу пари за да се следат во живо.
За свеченото отворање потребно е да се издвојат од 90 до 2.700 евра. Што се однесува до индивидуалните спортови, најмногу чинат билетите за пливање, атлетика и кошарка.
Најевтините билети за сите спортови се 24 евра.
За трите можеби најпопуларни спортови на најголемиот спортски настан во светот, најскапиот билет чини 980 евра.
Цената за бокс е 520 евра, а за тенис и одбојка 420 евра. Најевтини се билетите за скејтборд (160), BMX (180) и веслање (190)