Утрински Весник
Македонија

Отворање на Танц Фест 2025 и 45 години творештво на Рисима Рисимкин

20250428191933 big 730x400 6.webp.webp

На Меѓународниот ден на танцот – 29 Април, вечер во Македонскиот народен театар (МНТ) ќе биде отворено 21-то издание на Танц Фест Скопје 2025, кој годинава ќе се одржува до 13 мај.

Фестивалот ќе биде отворен со читање на домашната порака по повод Меѓународниот ден на танцот од Адријана Данчевска Ровчанин, која беше избрана за овогодишна авторка на пораката од Танцовиот одбор на ИТИ Македонија.


На свеченото отворање традиционално ќе биде доделена наградата „Менада“ на Роксан Стојанов, ѕвезда на Париската опера.

Отворањето ќе биде збогатено и со краток перформанс на UCSB Танцова Компанија, од Калифорнија, Санта Барбара, кој е вовед во целосната изведба нивната продукција „Рефракции – гласови на светлината и темнината” која ќе ја видиме на 30 април во МКЦ.

Кулминација на вечерта ќе биде светската премиера на „Идентитети – будење“, третото и последно дело од трилогијата „Идентитети“, со што ќе се одбележи 45-годишниот јубилеј на уметничката кариера и творештво на Рисима Рисимкин.

Во февруари 2025 година, Рисимкин беше одликувана со престижното француско признание Витез од Редот на уметностите и книжевноста на Франција за нејзиниот значаен придонес во развојот на современиот танц и културата.

Можете да прочитате

Вонредно известување од ЦУК до жителите на Стајковци и Арачиново

Крстевски поднесе кривични против угостители што работат не законски – Нема да дозволам да ни се случи „Пулс“ 2

Државата треба да им исплати 85.000 евра на адвокатите на Мијалков и на бранителите на другите обвинети за масовното прислушување во УБК