На 12 април, во просториите на НУ Музеј на Македонија, ќе се одржи свечено отворање на изложбата за нацистичкиот геноцид на Синтите и Ромите и долгата борба за признавање, организирана од страна на РРОМА во соработка со Централниот совет на германските Синти и Роми, Документаристичкиот културен центар на германските Синти и Роми и земјите од Западен Балкан.
Геноцидот на речиси 500.000 Синти и Роми под националсоцијализмот сè уште се смета за заборавен холокауст. Затоа фокусот на изложбата е националсоцијалистичкиот геноцид на Синтите и Ромите почнувајќи од исклучување и обесправување на малцинството во германскиот Рајх, па сè до нивното систематско истребување во Европа окупирана од нацистите.
Изложбата ќе трае до 28 април 2023, а влезот е бесплатен.