Утрински Весник
Култура

Отварање на самостојната изложба „Земја“ на Бојана Артиновска Трпческа

Отварање на самостојната изложба „Земја“ на Бојана Артиновска Трпческа

Вечерва во КСП Центар – Јадро, со почеток во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Земја“ на уметницата Бојана Артиновска Трпческа.

dobivaj vesti na viber

Во својот осврт кон изложбата, историчарката на уметност Викторија Димеска истакнува: „Стремежот за автономни својства на обликот и експресивниот сензибилитет на бојата ја откриваат амбициозната творечка тенденција на Бојана Артиновска Трпческа. Следејќи ги законитостите на субјективниот внатрешен творечки порив, односно интуитивната потрага по современи концепти и содржини, авторката создава комбинација од повеќе стилови преплетувајќи ги во различни теми. Динамиката на формата и нејзината промена претставуваат уште еден визуелен впечаток којшто ја мотивира авторката и понатаму храбро да истражува и твори. Создавајќи сопствената естетска поетика, таа гради автентичен и суптилен ликовен јазик.

Трпческа интуитивно и јасно ја согледува важноста и моќноста на карактеристиките на женскиот принцип и притоа, суптилно ја толкува и изразува преку тонски богатата палета на бои и нивната суптилна транзиција. Неуморната борба против вечната објективизација на жената и женското тело ја изразува преку алегориски ликовен јазик. Во сопственото творештво таа ја воспоставува космичката рамнотежа во архетипскиот танц меѓу машкиот и женскиот принцип.

На отварањето ќе се оддржи и поетки перформанс со авторите Тихомир Јанчовски , Елена Пренџова , Марија Г. Вардарска и Горазд Китановски.

Бојана Артиновска Трпческа е родена во Велес 1977 година, каде завршува основно и средно образование. Факултет за ликовна уметност при Универзитетот Кирил и Методиј Скопје завршува во класата на проф. Родољуб Анастасов на отсек сликарство и сценографија. Дипломска работа изложи во Сули ан под наслов „Архитектура на времето“

Од 2000 до 2003 година живее и работи како слободен уметник во САД.

Во 2008 година во Музејот на НОБ во Крушево ја реализирала својата прва самостојна изложба на манифестацијата „10 Дена крушевска Република“ под наслов: – Во МЕНЕ.

Својата втора самостојна изложба ја реализирала во 2011 год.во ликовната галерија во Прилеп. Насловена ,,Гозба” изложбата е своедвидно ретроспективно видување на нејзината дотогашна работа. Tретата самостојна изложба ја реализрала во 2020 год.во Ниш, Република Србија.насловена е „Трепет“. Следува „Позадини“ изложба која е реализирана како интерактивен проект 2021г. во Прилеп.

2022 година го реализира проектот „Земја“, мултимедијален перформанс,каде беа вклучени литератуни творци , кои читаа свои дела на истата тема во Прилеп и во месец октомври во Скопје

Од 2005 година е член е на Друштвото за Ликовни Уметници Битола, а од 2010 година е член на Друштвото на Ликовни Уметници Прилеп, со кое има остварено повеќе групни изложби, хуманитарни акции и перформанси. Од 2021 е член на ДЛУМ.

Живее и работи како самостоен уметник во Прилеп. Во повеќе прилики соработувала како надворешен соработник со НУЦК Марко Цепенков и Театарска Работилница за изработка на kостими, сценографија, шминка и рекламен материјал.

Напоредно со сликарството и сценската уметност истражува и во полето на фотографијата.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“