Утрински Весник
Скопје

Отстранети 50 кубни метри отпад од диви депонии во Чаир и Центар

Viber Image 2024 12 04 16 56 26 897.jpg

Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 50 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Центар и Чаир.
Интервенирано е во непосредната околина на Градскиот стадион, каде што се отстранети 10 кубни метри кабаст и отпад од пет-амбалажа одложени на јавни површини.

Во општината Центар се расчистени и приближно 10 кубни метри непрописно одложен мешан комунален отпад од улицата Тодор Александров – на потегот што води кон Средно Водно, како и 15 кубни метри градежен отпад одложен на тревна површина на булеварот Гоце Делчев, пред зградата на МРТВ.

Во општината Чаир, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа приближно 15 кубни метри непрописно одложен градежен и кабаст отпад на булеварот Крсте Мисирков, како и на улицата Ферид Мурат.

Можете да прочитате

Поради дефект утре дел од„Ленинова“ ќе биде без вода

(Фото) Скопје денеска повторно на врвот во Европа по загаденост

Субвенции за поправка на покриви на згради и замена на азбестни покриви на куќи во општина Карпош