Утрински Весник
Македонија

Отстранети 25 кубни метри отпад од Старата скопска чаршија

Отстранети 25 кубни метри отпад од Старата скопска чаршија
Img 5587

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на изминатите неколку дена извршија расчистување на приближно 25 кубни метри отпад одложен во објектот Капан Ан, лоциран во Старата скопска чаршија.

dobivaj vesti na viber

„Вработените во ЈП Комунална хигиена-Скопје излегоа на терен по дојава на граѓани коишто се пожалија дека огромно количество отпад го попречува движењето на минувачите во Капан ан и нормалното функцонирање на околните угостителски и продажни објекти. Отпадот составен претежно од облека бил собран во рамките на хуманитарна акција за помош на настраданите при земјотресот во Турција, но за жал по завршувањето на акцијата останал одложен во објектот со денови. Во текот на вчерашниот ден отпадот беше во целост отстранет и транспортиран од страна на екипите на Претпријатието“ изјави в.д.директорката на ЈП Комунална
хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева.

Img 5587

Ss1

Можете да прочитате

Ванковска и сопругата на Апсиев контра Силјановска-Давкова: И Пушкин ќе го укине!

(Видео)Милановиќ за Пендаровски: Тој е вистинскиот човек за Македонија

Пендаровски од Центар: Единствен начин Сиљановска да победи на дуел е да настапи сама