Утрински Весник
Скопје

Отстранети 10 тони опасен хемиски отпад од кругот на Клиничкиот центар

Csdcdsc.avif.avif

Десет тони опасен хемиски отпад, кој повеќе од десет години бил складиран во кругот на Клиничкиот центар, е безбедно отстранет, информираат надлежните институции. Процесот на дислокација е реализиран во согласност со утврдените безбедносни процедури.

Од Институт за јавно здравје посочуваат дека за материјалот навреме биле известени сите надлежни институции, објави 4news.mk Според нивните информации, станувало збор за токсичен, лесно испарлив и запалив отпад, кој во одредени околности можел да предизвика сериозна хаварија.


Оттаму предупредуваат дека ваквиот материјал претставувал директен ризик по здравјето на граѓаните и по животната средина. Можни последици, како што наведуваат, се труење, иритации на кожата и очите, респираторни проблеми, оштетувања на органи и долгорочни заболувања.

Сериозноста на случајот, кој траел повеќе од една деценија, била разгледувана и на владина седница. Влада на Република Северна Македонија донела заклучоци за формирање меѓуресорска работна група, во која е вклучен и Државен инспекторат за животна средина, со цел процесот на отстранување и управување со опасниот отпад да се спроведе брзо, координирано и во согласност со сите безбедносни стандарди.

Можете да прочитате

Делови од Скопје утре ќе бидат без струја

Горење на кабли во Маџари предизвика ширење на густ црн чад

Горење на кабли во Маџари предизвика ширење на густ црн чад