Утрински Весник
Македонија

Јотова по негативното мислење за „Иван Михајлов“: Скопје не сака да престане со говорот на омраза

Јотова за БНТ: Луѓето со бугарска самосвест се подложени на  дискриминација во Северна Македонија

Според бугарската потпретседателка, Илијана Јотова, не постои ниту еден знак дека владата во Македонија сака да стави крај на говорот на омраза кон сè што е бугарско,

dobivaj vesti na viber

Јотова вели дека прифаќањето на францускиот предлог од страна на Македонија бил последниот позитивен чекор во процесот на пристапување на земјата во ЕУ. Оттогаш, вели таа, сите активности не’ враќаат назад.

„Историската комисија не функционира! Ниту има промена во учебниците, за што инсистираше бугарската страна, ниту пак за останатите тврдења на Бугарија, кои се напишани црно на бело на заедничкиот протокол. Сите настани по овој предлог – од палењето на клубот во Битола, до посегнувањето на бугарската културна институција – ова е официјална институција на бугарската држава, и на реципрочна основа – сите овие дејствија македонските власти ги оставија без последици. Сите осомничени се на слобода“, рече Јотова.

Нејзината реакција следи по вчерашата одлука на Комисијата за употреба на имиња на личности која даде негативно мислење за употребата на името „Иван Михајлов“ за бугарскиот клуб во Битола. Комисијата образложи дека ваквиот назив на организацијата е провокација за националните чувства на македонскиот народ имајќи предвид дека се работи за личност блиска со фашистичка идеологија, кој со своето дејствување ја негирал посебноста на македонскиот народ, а истовремено предизвикува нетрпеливост, нетолеранција и омраза во македонското општество.

Бугарското МНР претходно денес реагира дека со одлуката на Комисијата се ограничуваат правата на Бугарите во Македонија, а според нив, единствената цел била да се избришат од Централниот регистар нивните организации во земјава.

Можете да прочитате

На ГП Ќафасан спречен шверц на 53,3 килограми марихуана, крајна дестинација била Северна Македонија

Изјава на Јавното обвинителство за текот на изборниот процес

 МВР: Изборниот процес се одвива мирно