Утрински Весник
Спорт

Откриени скандалозни навреди кон Меси во Барселона: Ни се смачи од уцените на „хормоналното џуџе“

Откриени скандалозни навреди кон Меси во Барселона: Ни се смачи од уцените на „хормоналното џуџе“
Dik 300x250 mk

Нова серија откритија за односот на некои од поранешните шефови на Барселона кон Лионел Меси ги разбранува духовите во Шпанија. Каталонското издание „Ел Периодико“ објави извадоци од разговор на WhatsApp меѓу донеодамнешниот претседател на клубот Хосеп Марија Бартомеу и тогашниот шеф на правниот оддел Роман Гомез Понти.

dobivaj vesti na viber

Гомез Понти во своите пораки отворено го навредува Меси, нарекувајќи го „хормонално џуџе“ и „канален стаорец“.

На 22 март 2020 година, Гомез Понти напишал имејл до Бартомеу со предлог да се намалат платите на фудбалерите поради растечката пандемија Ковид-19.

„Не би било лоша идеја да се објават мултимилионските договори на првиот тим за луѓето јавно да ги критикуваат“, му напиша тој на тогашниот директор на клубот.

„Ел Мундо“ објави дел од договорот на Меси на 31 јануари 2021 година, што предизвика скандал, а полицијата во Шпанија сè уште го истражува случајот „Барселогејт“, поврзан со наводите дека поранешното раководство на Барса открило доверливи податоци за договорите на Лионел Меси и на Жерар Пике.

Откако беше објавен договорот на Аргентинецот, Бартомеу беше бомбардиран со прашања за тоа што се случува, а Гомез Понти му напишал: „Барто, навистина, не можеш да бидеш толку добар човек со тој канален стаорец. Клубот му даде сѐ и тој се посвети на наметнување трансферна диктатура“.

„Ни здодеа и ни се смачи од уцените и грубоста на ова хормонален џуџе кон сите нас кои работиме во клубот. Својот живот и го должи на Барселона. Се надеваме дека тој маршира меѓу рамнодушноста на луѓето, што е најлошото што може да му се случи“, му напиша Гомез Понти и на Бартомеу и на другите од раководството на клубот во тоа време.

Сега истрагата на шпанските власти за овој случај продолжува, а доколку се докаже вината на поранешните челници на Барселона, тие се соочуваат со сериозна казна.

Можете да прочитате

Синер доби рекет од три килограми направен од чисто злато по освојувањето на „Сикс Кингс Слем“

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето