Научниците открија нов вид на џиновска анаконда со помош на домородното племе кое живее длабоко во амазонската прашума.
Биологот Брајан Фрај од Универзитетот во Квинсленд во Австралија го предводеше тимот кој пронашол и проучувал неколку примероци од новооткриената северна зелена анаконда (Eunectes akaima) во регионот Бамено.
„Добивме ретка покана од народот Ваорани да го истражиме регионот и да собереме примероци од одредена популација на анаконда, за која се шпекулира дека е најголемата досега. Домородните ловци не однесоа во џунглата на десетдневна експедиција. Племето, всушност, ги смета овие змии за свети“, рече тој за EurekAlert.
Фрај раскажал како пронашол женка анаконда долга неверојатни 6,3 метри.
„Постојат приказни од народот Ваорани за други анаконди во областа кои се долги повеќе од 7,5 метри и тежат околу 500 килограми“, рече професорот Фрај, заклучувајќи: „Ова откритие е врв во мојата кариера“.
Телевизискиот водител на Wildlife, професорот Фрик Вонк, ја снимил северната зелена анаконда. Тоа е најголемата змија во светот и рече дека е дебела како автомобилска гума.
„На видеото е најголемата анаконда што сум ја видел. Дебела е како автомобилска гума, долга е осум метри и тежи околу 200 килограми, со глава колку мојата“, напиша Вонк.
И покрај тоа што имал глава со човечка големина, изгледа дека Вонк (40) не се плашел да се доближи до змијата. Неверојатно видео прикажува холандски биолог како плива покрај џиновска анаконда, пишува Дејли Мејл.
„Со 14 други научници од девет земји, го откривме најголемиот вид змии во светот, зелената анаконда. Зелените анаконди пронајдени на север од нивниот опсег во Јужна Америка, вклучувајќи ги Венецуела, Суринам и Француска Гвајана, изгледа дека припаѓаат на сосема различни видови. Иако на прв поглед изгледаат речиси идентично, генетската разлика меѓу нив е 5,5 отсто, што е огромна. За споредба, луѓето и шимпанзата се генетски различни само околу 2 отсто“, објасни Вонк.
Сепак, овој нов вид змии е веќе загрозен, предупредија истражувачите.
„Областа на Амазон е под голем притисок од климатските промени и постојаното уништување на шумите. Повеќе од една петтина од Амазон е веќе исчезната, што е повеќе од 30 пати поголема од областа на Холандија. Опстанокот на овие легендарни џиновски змии е нераскинливо поврзан за заштита на нивното природно живеалиште“, објасни Вонк.