Утрински Весник
Свет

Откако започнаа израелските напади во Појасот Газа, убиени се 26.422 Палестинци

1706456032 unnamed file.jpg

Во израелските напади во изминатите 24 часа, уште најмалку 165 Палестинци загинаа, а 290 луѓе беа ранети во блокираниот Појас Газа, со што бројот на убиени од почетокот на војната на Израел против Хамас се зголеми на 26.422, а бројот на ранети на 65.087 лица.

Министерството за здравство во Појасот Газа објави дека поради продолжување на израелските напади, екипите за итна помош и цивилна заштита не можат да вршат операции за пребарување и спасување. Се верува дека под урнатините има уште голем број починати, што укажува дека вистинскиот смртен биланс е многу поголем.

Можете да прочитате

Гутереш „шокиран“ од насилството врз демонстрантите во Иран

Кина со прва реакција на изјавите на Трамп за Гренланд

Русија ја нападна Украина со над 150 дронови